Талибанците прогласија крај на војната во Авганистан
Кабул беше последниот голем град на патот на брзата талибанска офанзива, која почна пред еден месец, откако САД и сојузниците почнаа да се повлекуваат од земјата.

Талибанците ја презедоа контролата врз главниот град Кабул. Прогласија победа. Владата се распадна, вооружени борци шетаат низ претседателската палата, жителите и странците панично бегаат од градот, а претседателот Гани избега од земјата, наводно за да спречи крвопролевање, предавајќи го Кабул без борба.
Според информациите тој се наоѓа во Узбекистан. Кабул беше последниот голем град на патот на брзата талибанска офанзива, која почна пред еден месец, откако САД и сојузниците почнаа да се повлекуваат од земјата.
Портпаролот на Талибанците најави дека наскоро ќе се знае формата на новиот режим во земјата и повика на обновување на меѓународните односи.
