Свет

Расте бројот на загинати во земјотресот на Хаити

16.08.2021 10:16

Од под урнатините се извлечени телата на 1.297 жртви. Бројот на повредени е над 5.700...

Расте бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес на Хаити. Од под урнатините се извлечени телата на 1.297 жртви. Бројот на повредени е над 5.700.

Материјалната штета е огромна. Разурнати се голем број објекти. Некои места во Хаити се срамнети со земја, а болниците не можат да ги примат сите повредени.

Во меѓувреме кон Хаити се приближува и тропската бура „Грејс“. Вечерва се очекуваат обилни дождови, кои дополнително ќе ја отежнат работата на спасувачите.