Љубљана

Словенија ги заострува мерките против Ковид-19

16.08.2021 10:53

Дотогаш, за патиниците во транзит уште важи дека тие не мора да го докажуваат својот ковид-статус на границата, доколку ја напуштат Словенија во краток рок, не подолг од 12 часа.

Од 23-ти август, патниците во транзит, за влез во Словенија ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против коронавирусот, дека ја прележале болеста или да имаат негативен ПЦР тест.

Дотогаш, за патиниците во транзит уште важи дека тие не мора да го докажуваат својот ковид-статус на границата, доколку ја напуштат Словенија во краток рок, не подолг од 12 часа.

Исклучок се лицата помлади од 15 години, сопствениците на земјиште и недвижен имот во пограничната област, како и прекугранични работници и вработени во меѓународниот транспорт.