Канада
Трудо: На есен предвремени избори
16.08.2021 11:25
Според испитувањата на јавното мислење, либералната малцинска влада од Трудо има шанси да добие мнозинство гласови во овој момент.

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави предвремени општи избори во период кога земјата влегува во четвртиот бран на пандемијата на коронавирус. Канаѓаните ќе гласаат на 20-ти септември, околу две години порано од редовните избори.
Според испитувањата на јавното мислење, либералната малцинска влада од Трудо има шанси да добие мнозинство гласови во овој момент.
Опозицијата ги критикуваше либералите дека распишуваат избори за време на нов бран на пандемијата, само заради сопствена „политичка корист“.
