МНР: Сите страни во Авганистан да обезбедат напуштање на земјата на странските државјани

16.08.2021 12:10

Министерството за надворешни работи продолжува внимателно да ја следи состојбата во Авганистан и да презема чекори во насока на заштита на државјаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на земјата.

Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници ги повикуваат сите страни во Авганистан, да овозможат безбедно напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да ја напуштат земјат.

Имајќи ја предвид сериозно влошената безбедносна ситуација во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници ги повикува сите страни во Авганистан, да го почитуваат и овозможат безбедното напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да ја напуштат земјата. Оние субјекти и организации кои се позиција на сила и власт во земјата треба да ја носат и одговорноста за заштита на човечките животи, како и за итно возобновување на безбедноста и стабилноста на земјата, стои во соопштението.

Министерството за надворешни работи, воедно посочува дека продолжува внимателно да ја следи состојбата во Авганистан и да презема чекори во насока на заштита на државјаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на земјата.