Бензините и дизелот поевтинуваат половина денар

16.08.2021 12:48

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на претходната недела.

Регулаторната комисија ги намалува цените на горивата од полноќ за половина денар, додека на екстралесното гориво цената не се менува. Се намалува и ценатана мазутот и ќе изнесува 36, 681 денари за килограм.

Новата цена на Eуросупер 95 е 71 денари за литар, за 98- цата е 73, 5, дизелот 62 денари, а толкава ќе биде и цената на екстралесното гориво