Четири активни пожари, три ставени под контрола

16.08.2021 12:27

Уште се на терен екипи кои се борат со пожарите во скопско, прилепско, струмичко и штипско.

Четири активни пожари во земјава, три ставени под контрола- изјавија од Центраот за управување со кризи. Уште се на терен екипи кои се борат со пожарите во скопско, прилепско, струмичко и штипско.

Дел од пожарот во село Раовиќ – село Буковиќ е локализиран, но на потегот село Буковиќ – село Чајлане кон Матка сѐ уште е активен.

Од 26 јуни до денес на територија на нашата држава избувнаа 106 шумски пожари од кои најлошиот беше во Берово и Пехчево.