Лекарската комора го осудува говорот на омраза кон лекарите

16.08.2021 13:20

Лекарската комора го осудува и бара итно да престане говорот на омраза кон лекарите за да се заштити честа и угледот на професијата. Најавија доколку продолжат навредите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Предупредуваат дека тоа е кривично дело за кое се предвидени и затворски казни.

Низа реакции по вчерашните протести на граѓани околу новите рестритивни мерки. Лекарската комора го осудува и бара итно да престане говорот на омраза кон лекарите за да се заштити честа и угледот на професијата. Најавија доколку продолжат навредите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Предупредуваат дека тоа е кривично дело за кое се предвидени и затворски казни.

Лекарите во пандемијата покажаа голема пожртвуваност, борејќи се со многу неизвесни и непредвидливи ситуации, акумулирајќи стрес и трауми. Го доведоа во опасност својот живот, животот на блиските, дел од нив и платиле со сопствениот живот- велат од Лекарската комора.

Негирањето на постоењето на вирусот, директно влијае на зголемениот број на заболени, се вели во реакцијата на комората.