Во Куманово расте бројот на заболени, но и вакцинирани
Се зголемува бројот на позитивни од Ковид- 19 и во Куманово. Во болницата се хоспитализирани 36 лица. Новите мерки деновиве го зголемија и интересот за вакцинација. Во кумановско досега се имунизирани над 37.000 лица. И покрај големиот интерес, но и работа во една смена, на пунктот во Куманово нема поголемо задржување. Се внимава и на мерките за заштита...

Расте бројот на заболени од ковид 19, но и на вакцинирани во Куманово. Од кумановската болница, каде од неодамна повторно се врати во функција модуларната болница, потврдуваат дека бележат нагло зголемување на бројката на позитивни случаи. Хоспитализирани се 36 лица, а во дневната болница има 21 пациент. Според кумановци бројката расте, бидејќи делумно се почитуваат мерките за заштита.
„Јас ги почитувам од страв и надвор и внатре каде и да сум носам. Не се пази, ниту дистранца се држи еве во банка јас бегам луѓето се доближуваат, не се пази на дистанца“, вели една граѓанка.
„Делумно се почитуваат, кој мисли на своето здравје, ги почитува кој не-не“, дополнува друга.
Но, новите мерки го зголемија и интересот за вакцинација. Голем е притисокот и во вакционалниот пункт кој работи во една смена.
На вакциналниот пункт во Куманово денеска можеше да се забележи поголем метеж. Се вакцинираат и млади, но и повозрасни.
Согласно податоците во кумановско со една дози досега се вакцинирани над 37.000 лица, а со две дози над 30.000 граѓани од североистокот. Дневно со вакцините Фајзер, Синовак и Астра Зенека се вакцинираат до 1.000 лица.
„Од минатата недела веќе гледаме зголемување на заинтересираност кај луѓето, се повеќе има за вакцинирање. До минатитот понеделеник беше теренска вакцинација, сега има и домашни посети кои се одвиваат секојден за оние лица што се неподвижни, се јавуваат тука, оставаат податоци и ние одиме кај нив за да примат вакцина“, информира доктор Драгана Тасевска, Здравствен дом Куманово.
Но и покрај големиот интерес, на вакционалниот пункт во Куманово нема поголемо задржување, а се внимава и на мерките за заштита. Бројот на активни случаи позитивни на Ковид- 19 во Куманово е над 360.
Елена Георгиевска
