Спектаклот за Далас, но продолжува и шоуто на Дјурант
26.03.2014 11:18
Маверикс триумфираа против Тандер во мечот на вечерта, Лејкерс славеа во пресметката со Њујорк, Орландо неочекувано го совлада Портланд и Кавалирс се радуваа на мечот со Репторс, во синоќешната НБА понуда.
Личното достигнување на првата ѕвезда на Оклахома Сити расте, но Тандер беа сопрени од маестралниот Дирк Новицки кој што потсети на шампионските денови. Германецот резлизира 32 поена од кои 7 во продолжението, во конечниот триумф 128:119. Кај Далас имаше дури седуммина кошаркари со двоцифрен учинок на постигнати поени.

Ветеранот шутираше 11/23 од поле и 8/8 од линијата за слободни, патем имаше и 10 скокови со 6 асистенции. Со постигнатите 43, Кевин Дјурант има 36 меча со +25 поени во серија и е на чекор до остварувањето на Џордан во сезоната 86/87, во која што Ер Мајкл нанижа 40 меча со ваков учинок.
Сега Далас е на 8 позиција на Западот, што е последниот билет за доигрувањето. Прекината беше серијата на Оклахома, од 4 победи по ред.
Резултати:
Лејкерс – Њујорк 127:96
Орландо – Портланд 95:85
Кливленд – Торонто 102:100
*Перо Антиќ и Атланта гостуваат кај Минесота во 01:00 по полноќ.