Продолжува евакуацијата на дипломатите и цивилите од Кабул
Американската влада испрати 6.000 војници за обезбедување, а германскиот Бундесвер ја однесе на безбедно првата група луѓе. На терен се и воени тимови од други европски земји.

Воените авиони повторно почнаа со евакуација на дипломати и цивили од аеродромот во Кабул. Американската влада испрати 6.000 војници за обезбедување, а германскиот Бундесвер ја однесе на безбедно првата група луѓе. На терен се и воени тимови од други европски земји.
„Им ја дадовме секоја шанса да си ја одредат иднината. Но не можевме да им дадеме волјата да се борат за таа иднина. Во Авганистан постојат храбри и способни специјални единици и војниси, но ако Авганистан не може да има даде сериозен отпор на Талибанците сега, тогаш нашето присуство од една , пет или 20 години таму немаше да направи некоја разлика“, изјави претседателот на САД, Џо Бајден.
„Во Авганистан се присутни терористички групи и повторно ќе се обидат да ја искористат дестабилизацијата. Авганистан не смее да пак да се претвори во засолниште на терористите. Ќе направиме се за да Русија, САД и Европа можат да соработуваат ефикасно зашто шериме заеднички интерес“, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон.
„Очигледно нашите напори не беа доволно силни. Потребно е повеќе време од што мислевме. Во Авганистан бевме 20 години и во овој период не успеавме, па мора да признаеме дека напорите не дадоа напредок и дека треба да ги научиме лекциите, односно да си поставиме помали цел во тие мисии“, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел.
Во Кабул загинаа неколку цивили обидувајќи се да качат на авион кој полетуваше. Во меѓувреме, Талибанците прогласија амнестија за сите државни функционери и ги повикаа да се вратат на работа. Голем дел од населението на Авганистан се упати кон границите. Европскиот комесар за економија Паоло Џентолони изјави дека се неопходни хуманитарни коридори за прием на бегалците за да се избегне неконтролиран мигрантски бран.
