Австралија ја обнови потрагата по исчезнатиот малезиски авион

26.03.2014 11:21

Потрагата во северниот коридор е прекината, а во јужниот е стеснета на околу 470 квадратни поморски милји...

Ниеден од објектите најдени во јужниот Индиски Океан не е идентификуван како дел од исчезнатиот малезиски боинг.

Потрагата во северниот коридор е прекината, а во јужниот е стеснета на околу 470 квадратни поморски милји. Дел од роднините на патниците одбиваат да прифатат дека се загинати.

Тие инсистираат дека не се најдени никакви остатоци и ја обвинуваат малезиската влада за одложување, извртување и криење на вистината.

Денеска уште еден малезиски авион, на компанијата Малиндо Ер, се врати на аеродромот поради пожар на еден од моторите. Сслетувањето било безбедно и нема повредени.

Во меѓувреме, компаниите Малезија Ерјанс и Боинг се соочуваат со тужби поради исчезнатиот авион.