По земјотресот во Хаити, нова опасност бурата „Грејс“

17.08.2021 10:09

Саботниот земјотрес беше со магнитуда од 7,2 Рихтери и уништи речиси 14 илјади објекти.

По разорниот земјотрес, Хаити се соочува со тропската бура „Грејс“. Бројот на загинати продолжува да се зголемува. Стотици се повредени, а се трага и по исчезнати.

Саботниот земјотрес беше со магнитуда од 7,2 Рихтери и уништи речиси 14 илјади објекти.

САД, Мексико, Еквадор и Доминиканска Република испратија помош во храна и медицинска опрема, како и спасувачи во оваа најсиромашна карипска земја.