ВЕНЕЦУЕЛА

Мадуро оптимист за дијалогот со опозицијата

17.08.2021 10:36

Мадуро изрази подготвеност и за директни разговори со САД. Средбите ќе продолжат за три недели. Даде коментар и за последните случувања во Авганистан.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изрази оптимизам за разговорите со опозицијата. По првата фаза од мексиканските дискусии, тој го поздрави договорот потпишан од владата и делегацијата на опонентите кој беше склучен во Мексико сити.

Мадуро изрази подготвеност и за директни разговори со САД. Средбите ќе продолжат за три недели. Даде коментар и за последните случувања во Авганистан.

„Воинствената политика на американската империја пропадна“, нагласи Мадуро.