Ана Петровска, кандидат на „Зелен хуман град“ за градоначалник на Скопје
Иницијативата „Зелен хуман град“ започна со собирање на потписи за кандидирање на локалните избори. Се надеваат дека свои преставници ќе имаат во сите општини и Градот Скопје...

Иницијативата „Зелен хуман град“ започна со собирање на потписи за кандидирање на локалните избори. Се надеваат дека свои преставници ќе имаат во сите општини и Градот Скопје. Ана Петровска, поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, е нивниот избор за градоначалник на Град Скопје.
Петровска посочи дека сакаат да го отворат Градот Скопје кон јавноста, да стане една заедница на учество на сите засегнати страни, на граѓаните, да бидат поотчетни, да зборуваат за начинот како се програмираат и трошат парите на граѓаните.
Ќе организираме и буџетски форуми каде граѓаните ќе мижат да имаат информации за приоритетните стратешки проекти на Градот и како планираме да ги подобруваме и надградуваме усугите кон граѓаните, услугите на граѓаните се пред се и тие треба да бидат достапни, ќе работиме и на нивна дигитализација, рече Петровска.
