Поленот како превентива

26.03.2014 11:21

Човекот во својата исхрана е добро да зема по 1-3 мали лажички полен, затоа што тој придонесува за брзо заздравување на болните, како и за подобрување на состојбата кај здравите луѓе како превентива од заболување.

Човекот во својата исхрана е добро да зема по 1-3 мали лажички полен, затоа што тој придонесува за брзо заздравување на болните, како и за подобрување на состојбата кај здравите луѓе како превентива од заболување. Добри резултати се добиваат при слабокрвност, хипертонични заболувања, подобрување на имунитетот, анемија кај децата, рани кои тешко зараснуваат, хронични заболувања кај органите за варење, бубрезите и мочните канали, прерано стареење, артериосклероза, чир, проблеми со желудникот и дванаесетпалачното црево, тешки хируршки операции, интоксикација, истоштеност, тешки физички напори и др. Мажите по 40-тата година, за заштита на простатата, треба секојдневно да земаат по 1 супена лажица или 15 грама полен дневно.