Здравство

Модуларните болници во функција, се отвораат нови оддели за прием на пациенти со Ковид-19

17.08.2021 15:36

Ставени во функција модуларните болници. Во дел од болниците во Скопје веќе се отворени оддели за згрижување пациенти со Ковид-19...

Модуларната болница е во функција, медицинскиот персонал е на своите работни места, подготевни да ги згрижат пацинетите со Ковид – 19.

Зголемениот број на пациенти со Ковид – 19 наметна потреба за отворање на еден оддел во Градската општа болница „8 Септември“. Има хоспитализирано 25 пациенти, сите се на клислородна поддршка, тројца се на респиратор и се со тешка клиничка слика. Пациентите се на различна возраст, најмалдите се на триесет години.

Во болницата Козле има 15 деца ковид- позитивни. Од викнедов е зголема потребата за болничко лекување. Деца со респираторни проблематики се препраќаат на Клиниката за детски болести. Во моментот се хоспитализираат само деца со коронавирус.

Освен во главниот град и низ државата се отвораат доплнителни капацитети за пацинетите со Ковид – 19.

Наташа Јанчиќ Менковски