Од 1- ви септември влез во земјава со ПЦР тест, сертификат за вакцинација или прележан Ковид
Владата ги усвои новите мерки против Ковид- 19. Од 1- ви септември задолжителен ПЦР тест или сертификат за вакцинација, или прележан ковид за влез во Македонија. На владината седница потврдено е и дека од 1- ви септември почнува учебната година со физичко присуство на учениците, со одредени исклучоци...
Владата ја усвои мерката - сите домашни и стански државјани при влез во Mакедонија да покажат негативен ПЦР тест, сертификат за вакцинација или прележан ковид, не постар од 45 дена. Мерката почнува да важи од 1- ви септември. Македонските граѓани кои ќе се враќаат во земјава по 1- ви септември и кои при тоа ќе немаат ПЦР тест или сертификат, ќе добијат решение за седумдневен домашен карантин односно изолација. Странските државјани пак кои ќе транзитираат низ Македонија, ќе треба тоа да го сторат во рок од пет часа со претходно потпишана изјава.
Потврдена е и мерката за влез во кафулињата и рестораните само со сертификат за вакцина или прележан ковид не постар од месец и половина, без разлика на капацитетот и бројот на присутни гости. Оваа мерка важи и за други настани од секаков вид, прослави, концерти, семинари, културни и спортски настани, казина и обложувалници.
Останува на сила и забраната за организација на прослави во објекти од затворен тип, а за другите настани, само со исполнетост до 30 проценти од капацитетот, но максимално до 1.000 посетители.
Марија Котовска
