Армијата одбележува 29 години постоење

18.08.2021 09:21

Од Генералштабот на Армијата информираа дека обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата. Обраќање ќе имаат претседателот и врховен командант Пендаровски, министерката за одбрана Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Ѓурчиновски.

Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени одликувања и признанија на единици од Армијата и соработници кои придонесуваат за развојот на одбраната. 

На централната свеченост ќе присуствуваат и претседателот на Владата, пратеници од Собранието, министри во Владата, претставници од воено дипломатскиот кор, градоначалникот на Скопје, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, армиските генерали, претставници од организации, државни институции, локални самоуправи и здруженија со кои соработува Армијата.

Свеченоста која ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, може да ја гледате во живо на првиот програмски сервис на МРТ.