Авганистан

Сите наши граѓани се на безбедно, земјава ќе прифати 450 лица од Авганистан

18.08.2021 09:39

Досега успешно е извлекувањето на нашите граѓани од Кабул. Од утринските часови успеавме да ја извлечеме најголемата група на наши граѓани кои беа во Кабул, изјави синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Досега успешно е извлекувањето на нашите граѓани од Кабул. Од утринските часови успеавме да ја извлечеме најголемата група на наши граѓани кои беа во Кабул, изјави синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Македонските граѓани кои беа регистрирани на аеродромот во Кабул, Авганистан, се качени на воените летови и трансферирани во Доха (Катар) и Абу Даби (ОАЕ). Сите наши граѓани се на безбедно, а дипломатската мрежа на Министерството за надворешни работи во овие земји е во директен контакт и тие наскоро продолжуваат кон Скопје.

Според последните информации, 14 наши граѓани сѐ уште се наоѓаат во НАТО базата во Кабул, а дел од нив се очекуваше вчера да бидат безбедно транспортирани. Тројца остануваат во НАТО базата, согласно нивниот распоред на обврски.

Владата, како што соопштија вчера, има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

Владата донесе одлука да ги ослободи од трошоци за издавање визи сите граѓани од Авганистан кои ќе пристигнат во земјата, а трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, сѐ до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација.