Секавање за загинатите војници на ЈНА во Вуковар
Измина уште една година, 22 по ред , откако во последната балканска војна во минатиот век, за време на крвавата дезинтеграција на сојузната југословенска држава , не по своја вина животите ги загубија млади момчиња од Македонија, војници на поранешна ЈНА. По тој повод Здружението на загинати војници од `91 та година, и најблиските од семејствата на починатите , пред споменикот на Откинато мајчино крило , положија свежо цвеке

Испишаните имиња на спомен плочата на 57 македонски херои , коишто поголемиот број од нив загинаа на боиштата, во хравтско-српската војна потсетуваат на едно лошо време, кое никогаш нема да биде заборавено во мајчините срца , а родитеите живеат во надежта дека нивните чеда нема да бидат заборевени ниту од државата.
Семејството Сулејмани , и по 2 децении живее за моментот да ја добијат веста, за Севадиљ бидејки исчезнал во Вуковар ,
Претседателот на здружението Моме Кипријановски којшто и самиот настрада од мина покрај Вуковар, в најави дека голема желба му е во чест на херојствата на сите од тоа време, да се реализира нивната иницијативан , сите тие постхумно да бидат одликувани, бидејки и тие го дадоа својот придонес во осамостојувањето на нашата земја.