Миење на овошјето и заленчукот од хемикалии и нечистотии
Освен темелно миење со вода се препорачува и миење на овошјето и зеленчукот со оцет. Оцетот помага да се отстранат сите хемикалии и бактерии кои се наоѓаат на овошјето и зеленчукот, но исто така ги уништува и бактериите од типот на ешерихија коли.Ако продуктот има мазна лушпа.

Освен темелно миење со вода се препорачува и миење на овошјето и зеленчукот со оцет. Оцетот помага да се отстранат сите хемикалии и бактерии кои се наоѓаат на овошјето и зеленчукот, но исто така ги уништува и бактериите од типот на ешерихија коли.Ако продуктот има мазна лушпа. Во шише со прскалка ставете смеса од оцет и вода во сооднос 1 со 3 за да ги исчистите продуктите со мазна лушпа.Испрскајте ги со смесата целосно овошјето или зеленчукот и дозволете им да останат такви најмалку 30 секунди пред да ги истриете со четка или сунѓер.Откако ќе ги истриете исплакнете ги со млаз ладна вода, тоа ќе го отстрани вкусот на оцет од нив. Исто така овошјата со чуствителна кожа можат да се истријат само со рака без користење на четка за да не се оштети лушпата.Во овој тип на продукти спаѓаат јаболките, доматите, крушите, грозјето, тиквиците и други.Брокулата, карфиолот, листестите зеленчуци, лубениците, дињите, компирите, јагодите, малините и другите продукти со мазна и мека лушпа се потешки за чистење.За нив потребно е да наполните сад со топла вода (50-60º)и во него да додадете оцет во зависност од големината на садот. Киселоста на водата ќе ги убие бактериите. Оставете ги 10 мин. да отстојат во водата и потоа исплакнете ги под млаз ладна вода триејќи ги со рацете.Доколку додадете сок од лимон во смесата за да се зголеми киселоста, исто така можете да додадете и морска сол. Со тоа ќе го зголемите делувањето и ќе убиете повеќе бактерии за побрзо време.Миењето на овошјата како јагоди и малини покрај детоксикацијата има и друга придобивка, тоа е што овозможува подолго време да останат свежи и да не скапат.
