АВГАНИСТАН

Талибанците нема да ги кријат имињата на своите лидери

18.08.2021 09:53

Според последните изјави на Талибанците, во план е создавање на т.н. „сеопфатна влада“. На првата пресконференција ветија дека нивниот мандат нема да биде одбележан со одмазда, зло и дискриминација. Во меѓувреме, во Кандахар се врати нивниот политички лидер Мулах Абдул Гани Барадар кој во последните неколку години живееше во Катар.

„Лидерите на авганистанските Талибанци нема да бидат тајни“, тврди претставник на оваа група која во последните 20 години имаше челници кои не му беа познати на светот. Анонимниот извор за „Ројтерс“ изјавил и дека им е забрането да го слават освојувањето на земјата, но и дека цивилите мора да ги предадат оружјето и муницијата.

Според последните изјави на Талибанците, во план е создавање на т.н. „сеопфатна влада“. На првата пресконференција ветија дека нивниот мандат нема да биде одбележан со одмазда, зло и дискриминација. Во меѓувреме, во Кандахар се врати нивниот политички лидер Мулах Абдул Гани Барадар кој во последните неколку години живееше во Катар.

„Сакаме идна влада и систем кој ги вклучува сите луѓе, со секакво образование и со секаов став. Не сакаме веќе војна. Сакаме мир во Авганистан и поради тоа се одржаа овие разговори. Ние сме обврзани на правата за жените кои им се дадени со шеријатот. Жените се дел од општеството. Ќе работат во различни области, и ќе живеат според шеријатот“, изјави Забихулах Муџахид, портпарол на Талибанците.

Поради промената на власта, Европската унија ја запира помошта за развој за Авганистан.

„Првин, да видиме каква влада ќе формираат Талибанците. Но, правете разлика меѓу развојна и хуманитарна помош. Хуманитарната ќе продолжи и можеби ќе има зголемување. Ќе му помогнеме на авганистанскиот народ“, изјави Џозеп Борел, шеф на европската дипломатија.

За периодот од 2021 до 2024 година, блокот ветил 1,2 милијарди евра.