Нов Зеланд: Карантин поради единствен сомнителен случај на делта

18.08.2021 10:52

Затворени се училиштата, канцелариите и бизнисите, а граѓаните имаат пристап само до основните услуги.

Нов Зеланд повторно во карантин откако поради еден потврден случај на коронавирус, првиот во последните шест месеци. Затворени се училиштата, канцелариите и бизнисите, а граѓаните имаат пристап само до основните услуги.

Видовме што може да се случи ако ситуацијата не ја ставиме под контрола. Имаме само една шанса, истакна премиерката Ардерн во телевизиското обраќање до нацијата.

Во меѓувреме, преку Пацификот, американските цариници се борат со фалсификувани потврди за вакцина. Годинава заплениле над 120 пратки од Кина со повеќе од 3.000 лажни сертификати. Пратките биле конфискувани во Мемфис, Тенеси, а биле адресирани до неколку американски градови. Покрај затворска казна до пет години, сторителите ќе треба да платат и парична казна.