Инфраструктура

Нов анекс: Изградба на автопатот Кичево- Охрид до крајот на 2023-та

18.08.2021 10:42

Владата на вчерашната седница усвои информација со која се утврдува дека крајот на 2023-та година е рокот за завршување на работите за изградба на автопатот Кичево- Охрид.

Владата на вчерашната седница усвои информација со која се утврдува дека крајот на 2023-та година е рокот за завршување на работите за изградба на автопатот Кичево- Охрид.

„Владата го прифати текстот на анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево-Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот“, информираат од владината-прес служба.

Инаку, на 30-ти јуни годинава измина вториот зададен рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево- Охрид на патниот Коридор 8.