В недела почнува летното сметање на времето

26.03.2014 12:06

Летното сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во март ...

В недела, 30 март, ќе почне летното сметање на времето. Стрелките во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе биде три часот.

Летното сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во март и трае сè до последниот викенд во октомври.

Целта на летното сметање на времето е да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки, воедно и да се заштеди електричното осветлување.