До крајот на неделава се очекува во земјава да пристигнат најголем дел од 450-те Авганистанци
Станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои во изминатите години работеле за хуманитарни и мировни мисии, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка за НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на Армијата на Македонија.
Најголем дел од 450-те граѓани на Авганистан што ќе ги прими државава треба да пристигнат до крајот на неделата зависно од околностите на аеродромот во Кабул, информираат од Владата.
Станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои во изминатите години работеле за хуманитарни и мировни мисии, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка за НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на Армијата на Македонија.
Според информациите, Северна Макеоднија беше меѓу првите, ако не и прва земја, која сама пристапи на САД и понуди помош за овие луѓе кои се под опасност по доаѓањето на талибанскиот режим во Авганистан, изјави владиниот портпарол Хоџа.
Напомена дека не постои ризик од мигрантска криза, ниту пак, како што потенцира, оваа хуманитарна операција треба да се поврзува со Прифатниот центар за странци или мигрантските кампови на северната и јужната граница од нашата држава, туку е дел од голема светска хуманитарна акција.
