Ковид-19

Филипче: Граѓаните што се вакцинирани, доколу се заразат поминуваат со лесна клиничка слика

18.08.2021 14:33

Ситуацијата со новозаболени и хоспитализирани станува сѐ посериозна. Десет проценти од хоспитализираните во болниците се имунизирани, покажуваат податоците. Министерот за здравство вели, граѓаните што се вакцинирани против Ковид-19, доколу се заразат поминуваат со лесна клиничка слика.

Десетина проценти од ново дијагностицираните со коронавирус во тек на 24 часа се вакцинирани. Десет проценти од хоспитализираните во болниците се имунизирани, покажуваат податоците.  Министерот за здравство вели, граѓаните што се вакцинирани против Ковид-19, доколу се заразат поминуваат со лесна клиничка слика.

Инфективното оддление во Градската општа болница „8 Септември“ е во функција, има слободни кревети, но се зголемува капацитетот на интензивната нега. Десетина кревети се пополнети во модуларната болница во склоп на Инфективната клиника. Болницата за рехабилитација во Скопје е подготвена за прием на пациенти. Епидемилозите ќе одлучуваат за секој пацинет поединечно дали треба да оди во излоција ако бил во контакт со заболен, а при тоа или има прележано коронавирус или е вакциниран.

Министерот појасни дека без сертификат за примена вакцина или за прележана болест не може да се присуствува на места каде има гости или учесници на настани, единствената разлика, е дека треба да се организира редарска служба таму каде што има над 30 посетители.

 

Наташа Јанчиќ Менковски