Ковид-19

Пораст на бројот на хоспитализирани и починати во Полошкиот регион

18.08.2021 15:10

Седум пациенти починаа од ковид во тетовската болница. Расте бројот и на хоспитализрани, се лекуваат во петте одделенија во склоп на Клиничката болница кои се пренаменети во ковид центри...

Секојдневниот раст на хоспитализирани, речиси сите со тешка клиничка слика, го зголемува и бројот на починати од Ковид- 19 во тетовскиот регион.

Состојбата со зголемениот број на амбулантски прегледи од над 200 на ден, најавува критичен период кога треба строго да се придржуваме до мерките и што поскоро да се вакцинираме. Ниту еден од починатите не бил вакцинирани, а мал број од хоспитализираните се имунизирани, најчесто нецелосно со само една доза.

Полошкиот регион последниве неколку дена бележи енормен раст на број на хоспитализирани и починати. Новите позитивни случаи од над 200 на ден, не дава надеж дека состојбата со вирусот ќе се смири.

 

Зоран Димовски