Одбрана

Армијата го одбележува 29-тиот роденден, признание за армиските припадници и за справувањето со пожарите

18.08.2021 15:35

Армијата го одбележува 29-тиот роденден, втора година по ред како оружена сила на земја членка на НАТО. Интеграцијата во Алијансата и модернизацијата е континуиран процес, порака од свеченоста. Признание за армиските припадници и за справувањето со пожарите. Од Армијата, златна значка за партнерство и соработка и за новинарот на МТВ, Милчо Велески...

Втора година по ред, Армијата својот роденден го одбележува како оружена сила на земја членка на НАТО, гарант на безбедноста и интегритетот на државата. Без присуството во Решителна поддршка и ИСАФ во Авганистан, немаше да бидеме членка на НАТО, рече претседателот Пендаровски. Признание за припадниците на Армијата за справувањето со пандемијата и со пожарите.

Членството во Алијансата е бенефит, но и обврска за почитување на демократските вредности и лојалноста. Многу постигнавме, но има уште работа, додаде началникот на генералштабот, генерал Ѓурчиновски, обврзувајќи се дека негови приоритети се борбената готовост и стандардот на припадниците. Во гаснењето на поќарите се ангажирани околу 2 илјади армиски припадници, направени се 400 прелети со хеликоптерите, а од воздух се испуштени 800 тони вода.

Со указ на Претседателот, Армијата одликувана со орден за воени заслуги за 19-годишното учество во ИСАФ, а со повелба на Република Северна Македонија, норвешкото воено аташе, артилерискиот батаљон и центарот за странски јазици.  Министерката Шекеринска и началникот на генералштабот, генерал Ѓурчиновски, добија медал за заслуги од Националната гарда на Вермонт. Плакети и златни значки на Армијата и за надворешни соработници. Меѓу нив и за вашиот известувач.

Милчо Велески