Заев: Ќе пружиме целосна помош на бегалците
До крајот на наделава со организирани летови ќе пристигнат дел од најавените 450 цивили од Авганистан, миротворци, луѓе кои работеле во меѓуанродни организации- да покажеме човечност, да пружиме рака на бегалците- порача премиерот Заев...

450 бегалци од Авганистан наскоро пристигнуваат во земјава, но бројката може и да се зголеми рече премиерот Зоран Заев. Станува збор за активисти за човекови права , студенти, новинари, вработени во меѓународните институции. Повика македонските граѓани да се горди на хуманата мисија, бидејќи во прашање е принцип, човечност и хуманост.
Веднаш по пристигнувањето во земјава со неколку летови на бегалците ќе им бидат направени здравствени тестови и прегледи, со наша понуда за бесплатна имунизација од Ковид-19, рече шефот на владата. Цивилите ќе бидат сместени во хотели и мотели кои веќе се пријавиле да згрижат авганистански граѓани, а трошоците покрај државата, ќе ги сносат Соединетите Американски Држави и меѓународните организации.
Премиерот ги оцени како шпекулации тврдењата дека заедно со бегалците во земјава би пристигнале и терористи. Потсети дека Авганистан е меѓу првите држави кои му помогнаа на Скопје веднаш по земјотресот во 1963-та.
Миле Ристески
