Почнува изградбата на фабриката на „Алмак“ и „Дура“, инвестиција од 30 милиони евра
Станува збор за инвестиција од околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија.

Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во земјава.
Станува збор за инвестиција од околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија.
Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година. Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра.
