Пендаровски побара од виничани да гласаат без страв

26.03.2014 13:11

Пендаровски рече дека прво што ќе направи кога ќе стане претседател е да ги повика сите релевантни фактори во државата со цел да постигнат државен консензус за две-три прашања...

На стариот плоштад во Виница, Стево Пендаровски им се обрати на граѓаните од како што ги нарече најзапоставениот регион во државата. Ги повика граѓаните да гласаат без страв на претседателските избори.

Пендаровски рече дека прво што ќе направи кога ќе стане претседател е да ги повика сите релевантни фактори во државата со цел да постигнат државен консензус за две-три прашања.

„Ќе ги повикам на разговор и ќе ги прашам можеме ли да се договориме за две – три работи за Македонија, бидејќи сите ја делиме истата судбина на Македонија. Ако е добро ќе биде добро за сите, ако е лошо, сите ќе не притиска. Мораме тие две – три прашања да ги решиме, за тоа да не се расправаме. Кој сака да дојде, добредојде. Кој нема да дојде, ќе кажам јавно дека не дошол. Кој образложи дека смета со мене да не губи време, да не реазговара, ќе го кажам, тоа на македонските граѓани, но мора да научи неколку работи да ги зборуваме во очи, а не зад грб“ , рече Пендаровски, кој Македонија ја гледа како демократска земја, во која владее правото, со почитување на граѓанските права и слободи.

За себе рече дека нема страв да се фати во костец во проблемите, при тоа не плашејќе се од тоа дека ќе дојде во судир со интересите на поединци или групи.

За спорот со името Пендаровски рече дека ќе зазема спротивна позиција оваа на актуелната власт. Кога ќе ги прашаат од власта дали разговаравте за името, тие одговараат дека немаат со кого. Всушност, рече Пендаровски, власта никогаш и не сакаше да разговара. За промена, рече, јас ќе разговарам со сите релевантни, било да се Власи, Турвци, Албанци, кои ќе сакаат да разговараат. Горливото прашање за името, Пендаровски рече дека го решава со внатрешна кохезија, но ќе побара и сојузништво со најголемите сили во светот. Решавањето на спорот со името ќе престане да биде и изговор за повеќе проблеми во државата.

Пред виничани, претседателскиот кандидат на СДСМ зборуваше за иселувањето од источниот регион, што како што рече е регион со најголем процент на иселени. Македонија се соочува со егзодус, поголем од 2001-та, рече Пендаровски, а прашањето за заминувањето на младите е наднационално прашање.

Ќе мора сите чауши, сите што се на власт, кои имаат некаков мандат добиен од народот, да седнат и да речат: како да ставиме стоп на оваа река која се иселува? Тоа ми е од интерес и да сум опозиција и да сум власт. Или да не се занимавам со политика, жал ми кога гледам државата се празни од народ. Јас ја прашувам ако не му ставиме стоп на тоа прашањешто е надпартиско, наднационално, семакедонско, тогаш ќе добиеме дрѓава која ќе се вика Република Македонија, а ќе немаме народ! На кого ќе бидеш – јас, ти, претседател, премиер...?“ , рече Пендаровски, кој  пред граѓаните одбразлижи делови од својата програма, преку која сака да дојде до својот и државен приоритет – Македонија да ја види членка во Евроопската Унија и НАТО.

Пендаровски зборуваше за според него, нерентабилното трошење на Владата и дадени 300 милиони евра во споменици, кои не враќаат пари. Тој рече дека актуелната влада дава субвенции и социјална помош, но за возврат бара луѓето кои ги помага, да вратат со гласачи.

Некои работи во државата, како економијата рече Пендаровски, не се менуваат преку ноќ. Пендаровски пред виничани го критикуваше актулениот претседател, кој како што рече во измантите години од неговиот мандат нема одбиено да потпише ниту еден указ.

Иако некои прашања, како што се социјалната помош, пензиите, економијата не се се директна надлежност на претседателот на државата, Пендаровски рече дека за нив јавно ќе зборува. Лага е дека  пензиите се зголемуваат, рече, тоа се само реодвни усогласувања со животните трошоци што власта сака да ги претстави како зголемување.  

Нема да бидам претседател што ќе молчи со месеци, рече кандидатот за претседател на СДСМ пред граѓаните на Виница.  

Пред Виница, претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, се сретна со граѓаните на кочанско – виничкиот крај.

 

Весна Коловска