Прво вакцинален сертификат па влез во трговски центар, обложувалници, кафулиња
Од денеска сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид се бара и на влезовите на трговските центри, кафулињата и обложувалниците. Од први септември сите граѓани кои влегуваат или излегуваат од земјава ќе мора да покажат ковид документ или негативен ПЦР тест, во спротивно ќе одат во седумдневна изолација. Какво е спроведувањето на мерките на терен...

Новите мерки против коронавирусот стапија на сила, а македонските граѓани од денеска се соочуваат со нова реалност. Без сертификат за вакцинација или прележан ковид, не можете да влезете во трговски центари, обложувалници, угостителски објекти.
На кејот на Вардар полупразни угостителски објекти, а на нивните влезови веќе има одговорни лица кои проверуваат дали гостите имаат сертификат за вакцинација или прележан ковид, не постар од 45 денови.
Поразговаравме и со граѓаните, дел велат мерките се добри, други пак не се согласуваат.
Без соодветниот сертификат, нема ниту влез, ниту учество на семинари, конференции, обуки, коцерти, спортски и културни настани. Поразговаравме и со вработени во приватниот сектор, велат мерките негативно ќе се одразат на нивната состојбата.
Од денеска и на влезовите на трговските центри стојат одговорни лица кои проверуваат дали посетителите го имаат потребниот сертификат за вакцинација или прележан ковид.
Владата вчера усвои и нови мерки против ковид за влез и излез од Македонија, кои ќе важат од први септември. Според владината одлука, од први септември почнува и учебната година, со физичко пристуство на учениците, со одредени исклучоци.
Марија Котовска
