Џенифер Анистон и Адам Сендлер повторно заедно во комедија

19.08.2021 11:18

Џенифер Анистон и Адам Сендлер ќе ги повторат своите улоги и во вториот дел. Филмот ќе се снима во Париз и на Карибите.

Режисерот Џереми Гарелик потврди дека ќе го снима продолжението на „Мистериозно убиство“, хит-акционата комедија од 2019 година. 

Џенифер Анистон и Адам Сендлер ќе ги повторат своите улоги и во вториот дел. Филмот ќе се снима во Париз и на Карибите.

Ликовите на Анистон и Сендлер, следејќи ја оригиналната приказна, се брачна двојка на патување во Европа. Таму се случува мистериозното убиство, за кое се осомничени токму сопружниците.