Ковид-19

СЗО: Нема потреба од трета доза на вакцина против Ковид-19

19.08.2021 11:36

Приоритет за имунизација треба да бидат најранливите групи во светот, пред да се воведе таканаречената „засилувачка“ доза.

СЗО тврди - нема потреба од трета доза на вакцината против коронавирус. Приоритет за имунизација треба да бидат најранливите групи во светот, пред да се воведе таканаречената „засилувачка“ доза.

Според СЗО, вакцините не се рамномерно распоредени, а делта сојот циркулира во областите со ниска стапка на имунизација.