Хезболах: Ирански танкер се движи кон Либан
19.08.2021 12:17
Со доставата на пратката со нафта, организирана од оваа либанска група, се прекршуваат санкциите за Техеран кои беа воведени по повлекувањето на САД од нуклеарниот пакт.

Хезболах предупреди – ирански танкер се движи кон Либан, а Израел и САД не смеат да го пресретнат.
Со доставата на пратката со нафта, организирана од оваа либанска група, се прекршуваат санкциите за Техеран кои беа воведени по повлекувањето на САД од нуклеарниот пакт.
Хезболах тврди дека Вашингтон и дел од арапските нации го казнуваат Либан поради воените активности во Сирија и Ирак.
