Политика

Мицкоски треба да се обраќа кон сите заедници- критикува Заев

19.08.2021 12:29

Премиерот Заев смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е заглавен во националистичкиот пристап и затоа опозициската партија ќе ги изгуби изборите. Мицкоски, пак е убеден во победа на локалните избори, но и подоцна за формирање ново владино мнозинство...

Треба да се обраќаме еднакво кон сите етнички заедници, а не како Мицкоски само кон една, критикува премиерот Зоран Заев. Смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е заглавен во националистичкиот пристап, што не е дозволено во една мултиетничка држава. Затоа според Заев, опозициската партија ќе ги изгуби изборите.

Мицкоски, пак е убеден во победа на локалните избори, но и подоцна за формирање ново владино мнозинство. Посредно најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи, ќе бара предвремени парламентарни избори. Посочи дека пред финиш се разговорите за коалицирање со албанските опозициски партии.

Претседателот на Левица, Апасиев преку статус на Фејсбук му одговори на Мицкоски за понудата за соработка на локалните избори. „Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане власт“, напиша Апасиев.

 

Миле Ристески