УНИЦЕФ ја поздрави одлуката за почеток на учебната година со физичко присуство
Посочуваат дека Македонија го забележа најдолгото затворање на училиштата за учење со физичко присуство. Според направеното истражување на УНИЦЕФ, мнозинството ученици посетуваа настава на далечина во бројки речиси двојно повеќе споредено со учениците од европските земји.

УНИЦЕФ ја поздравува одлуката на Владата за отворање на училишните врати во септември. Оттаму децидни дека училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, кога тоа е безбедно.
Посочуваат дека Македонија го забележа најдолгото затворање на училиштата за учење со физичко присуство. Според направеното истражување на УНИЦЕФ, мнозинството ученици посетуваа настава на далечина во бројки речиси двојно повеќе споредено со учениците од европските земји.
Наставниците забележале пораст во бројот на ученици кои имале тешкотии со учењето. Од УНИЦЕФ велат дека со засилени превентивни мерки преносот на Ковид-19 во училиштата може да се контролира. Затоа, заедницата треба да го поддржи безбедното отворање на училиштата велат од УНИЦЕФ.
