Богов: Раст од 3,7% годинава
Богов денеска на Универзитетот на Jугоисточна Eвропа во Тетово одржа предавање посветено на предизвиците на монетраната политика на државата и факторите што влијаат врз нашата економија...

Очекуваме продолжување на позитивниот тренд на раст на македонската економија што за 2013 година изнесуваше 3,1%. Проценките на Народната банка за оваа година засега се дека растот ќе биде зголемен и ќе изнесува околу 3,7%, соопшти денеска гувернерот на НБРМ, Димитар Богов пред студентите и професорите на Универзитетот на Jугоисточна Eвропа во Тетово, како и пред повеќе претставници на бизнис заедницата.
Богов денеска на Универзитетот на Jугоисточна Eвропа во Тетово одржа предавање посветено на предизвиците на монетраната политика на државата и факторите што влијаат врз нашата економија.
„Веќе следниот месец започнуваме со нова рунда на проценки да видиме каде и за колку имаме отстапки од претпоставките и можеби ќе има и ревизија на оваа бројка. Кај инфлацијата проценивме дека таа ќе изнесува 2,3% на годишно ниво и со априлската редовна ревизија ќе направиме проценка и на оваа бројка“, изјави Богов.
Како можни ризици што ќе имаат влијание врз прогнозираните бројки за една мала и отворена економија како македонската, гувернерот Богов ги посочи меѓународните случувањата и особено кризата во Украина и односите помеѓу Русија и западните сојузници.
