Австралија: Продолжен карантинот до крајот на септември
20.08.2021 10:42
Бројот на заразени двојно се зголеми во текот на неделава. Од понеделник, во најтешко погодените предградија на сила ќе биде и полициски час од 21 до пет часот.

Карантинот во најголемиот австралиски град Сиднеј е продолжен до крајот на септември, додека властите се обидуваат да го прекинат ширењето на делта сојот.
Бројот на заразени двојно се зголеми во текот на неделава. Од понеделник, во најтешко погодените предградија на сила ќе биде и полициски час од 21 до пет часот.
Мерката опфаќа два милиона луѓе. Во карантин е и остатокот од Нов Јужен Велс, а надвор од Сиднеј, мерките ќе бидат олеснети на 28 август.
