Русија
Модифицирана „Спутник В“ против делта сојот
20.08.2021 11:07
И останатите произведувачи во светот работат на модифицирање на своите вакцини за да бидат повеќе ефикасни против делта сојот.

Руските истражувачи објавија дека ја модифицирале вакцината „Спутник В“, која се користи повеќе од година дена, за употреба против позаразниот делта сој.
И останатите произведувачи во светот работат на модифицирање на своите вакцини за да бидат повеќе ефикасни против делта сојот.
Русија досега разви вкупно четири вакцини против коронавирус, а сега работат и на петтата. „Спутник В“ е одобрена во 70 земји и се користи на меѓународниот пазар.
