САД

Пожарите во Калифорнија немаат крај

20.08.2021 11:20

Повеќе од десет големи пожари горат во Калифорнија, а многу луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Големите пожари во американската држава Калифорнија уништија повеќе од 400 илјади хектари земја. Повеќе од десет големи пожари горат во Калифорнија, а многу луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Пожарот Дикси, најсилниот од сите кои моментално горат, е вториот најсилен пожар во историјата на Калифорнија, а го уништи и историскиот град Гринвил. Претставува закана за домовите на околу 280 километри североисточно од Сан Франциско.