Герб го врати мандатот за составување влада
Радев формираше техничка влада по изборите во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа беа закажани вонредни, парламентарни избори, на 11 јули, но Бугарија сè уште не може да формира влада.

Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на бугарска влада на Даниел Митов од Герб, партијата втора по големина според претставниците во Националното собрание. Но, според претходно најавеното, Митов веднаш го врати мандатот.
Радев формираше техничка влада по изборите во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа беа закажани вонредни, парламентарни избори, на 11 јули, но Бугарија сè уште не може да формира влада.
Првиот мандат му беше доделен на победникот на изборите „Има таков народ“, на шоуменот Слави Трифонов, но тие соопштија дека немаат намера да формираат влада.
Третиот мандат ќе ѝ биде доделен на Бугарската социјалистичка партија чија претседателка Корнелија Нинова најави дека ќе се обидат да формираат влада.
