Локални избори

ВМРО-ДПМНЕ со 19 нови имиња за кандидати за градоначлници

20.08.2021 13:31

Глумци, доктори, спротисти… ВМРО-ДПМНЕ со 19 нови имиња за кандидати за градоначлници. Велат, млади и некомпромитирани имиња што ќе внесат нова енергија. Се тактизира за Скопје...

Лекари, правници, пратеници, актер, но и селектор на Таеквондо репрезентацијата. ВМРО-ДПМНЕ објави нов сет кандидати за градоначалници. Актерот Тони Михајловски влегува во трка за прв човек на Куманово, додека таеквондо селекторот Дарко Костовски  е понудата на опозицијата за скопски Бутел. Пратеникот Кирил Пецаков е кандидат за Охрид. За Скопје партијата сѐ уште прави анкети за неколкумина кандидати по што ќе излезе со конечен список што ќе ги мине и партиските филтри.

Ова е понуда на кандидати од немајкаде, коментира СДСМ. ВМРО- ДПМНЕ според владеачката партија повторно со предлози од времето на Груевски и се изнамачиле, како што велат, да најдат кадри кои ќе изгубат на локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не се изјаснил за кандидатот за градоначалник на Скопје, тоа треба да биде објавено кон крајот на август. Понудата на СДСМ на октомвриските локални е Петре Шилегов.

 

Миле Ристески