Ковид криза

Туристичко- угостителската комора бара измена на новите мерки

20.08.2021 13:51

Да се дозволи влез во угостителските објекти и на лицата кои прележале ковид во изминатите шест месеци и на оние ќе приложат негативен ПЦР или антиген тест, бараат од Туристичко- угостителската комора. Велат, на овој начин ќе се зачува колективното здравје и ќе се намалат негативните економски последици. Укажуваат и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација. Бараат измена и на одлуката за влез во државата...

Да се дозволи влез во угостителските објекти и на лицата кои прележале ковид во изминатите шест месеци и на оние ќе прикажат негативен ПЦР или антиген тест, бараат од Tуристичко-угостителската комора. Велат на овој начин нема да бидат изолирани невакцинираните кои имаат стекнат имунитет. Угостителите изминативе денови се соочуваат со драстично намалување на работата. Укажуваат и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација.

Од секоторот туризам бараат од први септември за влез во државава да се приложи потврда за прележан вирус во изминатите шест месеци, а седумденевната изолација да биде прекината со негативен тест. Велат, новите рестрикции ја ограничуваат работата, треба да се планираат и мерки за поддршка.

Предлозите се доставени до Владата. Со соодветни мерки може да се зачува колективното здравје и да се намалат негативните економски последици, сметаат од Туристичко-угостителската комора.

 

Сунчица Николоска