85% од новите случаи и 91% од хоспитализираните со Ковид- 19 се невакцинирани
Според двонеделната статистика, 8.374 граѓани од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9.881 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид- 19, од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1.507 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19, инофрмираат од Министерството за здравство.
Според двонеделната статистика, 8.374 граѓани од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице со Ковид- 19, 92 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 9 односно (8%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
