13 починати за една ноќ во Полошкиот регион, состојбата се влошува
За една ноќ 13 починати од ковид во Полошкиот регион. Состојбата се влошува. Над 230 пациенти во тетовската и гостиварската болница се борат со вирусот. Нема празни болнички кревети се бара помош од скопските клиники...

Во четирите ковид одделенија во тетовската болница се лекуваат 124 пациенти. Има млади, претежно се со коморбидитети. Просторот се стеснува, голем дел од болничките кревети се зафатени од ковид болни кои примаат терапија и повеќе од три недели, или се со други болести или пак имаат пост ковид проблеми. Тројца пациенти со срцева мана веќе се препратени на скопските клиники, од каде е потребна помош и просторно и кадарски.
Катастрофална е состојбата и во гостивараско, каде во болницата се хоспитализирани 103 пациенти. Празни места нема, дел болнички се лекуваат на амбулантските кревети. Не се работи за четври бран туку за цунами, кое го коси полошко како последици на свадбите веселбите и непочитување на мерките.
Спасот е вакцинацијата, оти и бројките тоа го покажуваат. Според состојбата на терен можеби здравствените власти треба да подразмислат за воведуавње на некои посебни мерки за полошкиот регион, согласни се Нуредини и Наумовски.
Зоран Димовски
