Протоколи

Интензивни подготовки пред стартот на учебната година

20.08.2021 15:22

62 проценти од наставниот кадар е вакциниран. Интензивно се вршат подготовки во училиштата околу протоколите за настава со физичко присуство – вели министерката Царовска. Ако има потреба ќе се спроведе и комбинирана или онлајн настава – посочуваат од образование...

На само десет дена од стартот на новата учебна година, основните и средни училишта интензивно се подготвуваат за претстојниот предизвик – настава со физично присуство. Маска на лицето, одржување дистанца и редовно миење на рацете се трите мерки кои заедно со останатите протоколи ќе бидат клучни во борбата против опасниот вирус.

Засега нема отстапка – наставата стартува во училниците. Министерството ќе ги следи насоките на здравствените власти. Ако има потреба ќе се спроведе и комбинирана или онлајн настава, вели Царовска.

Училиштето „Св. Климент Охридски“ во Драчево е подготвено и за настава во природа.

Според истражувањето на УНИЦЕФ - 88 насто од наставниците што работеле со физичко присуство сметаат дека децата немале проблем да се придржуваат до мерките, а 50 отсто од родителите изјавиле дека претпочитаат децата да се вратат во училишните клупи.

УНИЦЕФ со помош на УСАИД донираа 52 мобилни станици за миење раце. Канистерите за вода, сапун и бришачи ќе бидат распоредени во 15 училишта.

Анита Димитријевска Велковска