Средба Меркел- Путин, во фокус кризата во Авганистан
Авганистан ги разбранува состојбите на Блискиот Исток- Европа. НАТО сојузот одржува итен состанок, причина повеќе да се сретнат Путин и Меркел во Москва. Ново изнедаување по разговорите во четири очи во Кремљ, Германија и Русија ќе ја продлабочуваат соработката...

Меркел и Путин на средба во Кремљ пред заминување на германската канцеларка од функцијата. По бројните несогласувања, светските првенци повторно на масата. Причина за итните разговори во Москва е кризата во Авганистан. Путин и Меркел разговараа и за опозицискиот политичар Алексеј Навални и Украина.
„Би сакал да нагласам дека германија останува еден од главните партнери за нас во Европа и во светот воопшто, како што беше и во последните 16 години“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Меркел и Путин успејаа да одржат линија на комуникација со текот на годините и покрај нивните политички разлики.
„И покрај фактот што имаме длабоки несогласувања денеска, разговараме еден со друг, и тоа треба да продолжи, но треба да ги унапредиме германско-руските односи“, нагласи германската канцеларка Ангела Меркел.
Личниот однос меѓу двајцата се влоши во 2014-та година, поради руската позиција за Кримскиот полуостров, како и за поддршката на сепаратистичките бунтовници во Источна Украина.
Катерина Топалова
